едночасовен | прид.

Што трае еден час. Едночасовна програма.

едночинка | ж.

Драмска творба или театрска претстава во еден чин, во еден акт.

едночлен | прид.

Што содржи само еден член, еден дел од поголема целина. Едночлен израз. Едночлени имиња. Едночлени единици.

едночудо | прил.

Многу, полно, во големо количество. Едночудо народ. Едночудо нарачки. Едночудо луѓе

еднојазичен | прид.

Што се служи со само еден јазик.

еднојајчен | прид.

Што се создадени, потекнуваат од една јајце-клетка. Еднојајчени близнаци.

едреник | м.

Вид брод што плови со помош на едра.

едренце | ср.

Мало едро.

едрење | ср.

Пловење со помош на едра.