едри | несв.
Се движи, плови со помош на едра.
едрилица | ж.
Пловен објект како поголем чамец што се движи, плови со едра, главно во спортски цели.
едриличар | м.
Човек што управува со едрилица.
едро | ср.
Вид јако платно со различна големина и форма во кое, кога е распнато, дува ветерот и го движи бродот (едреникот) или едрилицата под 1.
едукативен | прид.
Образовен.
едукација | ж.
Образование.
еж | м.
(зоол.) Мало животно од редот на цицачите, со боцки, игли по грбот; Erinaceus europaeus.
ежав | прид.
Наежен, накострешен, вознемирен.
ежави се | несв.
еже | ср.