ежи се | несв.
За животно – е во состојба на надразнување така што влакната, пердувите му се креваат нагоре како боцките на еж.
ежов | прид.
Што му припаѓа, што се однесува на еж 1
езгија | ж.
Импровизирана мелодиоја при свирење според моменталното расположение.
езеро | ср.
Природна или вештачка долина, длабнатина, затворена со брегови, исполнета со вода. Планинско езеро. Вештачко езеро.
езотерија | ж.
Миситчно знаење што им го предавале античките филозофи на мал број ученици, како тајна.
езотеричен | прид.
Таен, скришен, наменет за избран, затворен круг луѓе.
езуит | м.
Припадник на католички монашки ред што се борел против реформацијата, со сите дозволени и недозволени средства.
еј! | изв.
(разг.) За повикување. Еј, слушај! Еј ти, дојди ваму!
ек | м.
Звук што се слуша, што се шири; Бучен ек. Далечен ек.
Еквадор | м.
Држава во Јужна Америка.