евидентичар | м.
Лице што води евиденција. Тој имаше завршено курс за евидентичари.
евиденција | ж.
Забележување, воведување во книги, правење попис на тоа што се случува, што се работи. За сè се води точна евиденција.
евкалиптус | м.
Високо дрво што расте во тропските краеви, со миризливи лисја, од кои се добива етерично масло.
евла | ж.
Вид листопадно дрво ; Alnus. Низ воздухот се ширеше миризбата на евлата. Котлината беше обрасната со евла и со повит од сите страни. Дивите евли се вееја на ветрот.
евлак | м.
Шума со евла, со тенки зелени дрвца. Од евлакот затопоти и дотрча уште еден коњ.
евлов | прид.
Што се однесува на евла. Крај Вардар растеа евлови дрвја. На ветрот се нишаа евловите гранки.
евловина | ж.
Шума со насади од евла. Птиците бегаа и се засолнуваа во оголената евловина.
евловица | ж.
Вид ракија, алкохол во кој е ставено евлово гранче. Тој донесе едно шише евловица.
евнух | м.
Кастриран маж, обично чувар на харем. Тој беше евнух кај каданите во харемот.
евокативен | прид.
Предизвикувачки, возбудлив. Неговата појава е евокативна и полна со асоцијации за наредниот настап. Се појавуваат неколку лирски слики со исклучителна евокативна моќ.