елиминација | ж.
Отстранување, отфрлање, изделување. Немаше елиминација и сите екипи беа во финалето.
елиминира | св. и несв.
Отстрани, отстранува, исклучи, исклучува. Не беше лесно да се елиминира противникот. Тој ја елиминира конкуренцијата.
Елин | м.
Припадник на древен народ на Балканскиот Полуостров, познати и како Стари Грци.
елинизација | ж.
Погрчување, насилно наметнување на нешто со грчко или старогрчко обележје.
елинизира | св. и несв.
Погрчи, погрчува; со сила наметне нешто својствено на грчката култура.
елинист | м.
Проучувач на грчките: култура, јазик, историја и литература.
елинофил | м.
Почитувач, љубител, приврзаник на грчките: култура, јазик, историја, обичаи и сл.
елинофилски | прид.
Што има нескриени симпатии и приврзаност кон сè што е грчко и старогрчко. Елинофилски размислувања. Елинофилски коментар.
елинофилство | ср.
Почитување и прифаќање на грчката и старогрчката култура.
елинофоб | м.
Страв, фобија кон тоа што е грчко и старогрчко.