елински | прид.

Што има особеност на старогрчките: јазик, култура, историја и обичаи. Елинска култура. Елинска историја.

елипса | ж.

(мат.) Затворена кружна линија со јајчест облик.

елипсест | прид.

Со форма својствена на елипсата

елиса | ж.

Пропелер за движење на брод или на авион. Бродска елиса. Авионска елиса.

елита | ж.

Избор од најдобрите луѓе, најугледниот дел од некое општество или од некоја заедница.

елитен | прид.

Престижен, одбран, отмен што е со врвни квалитети.

елитизам | м.

Стремеж за истакнување, за создавање елита; ставовите и однесувањето на елитата.

елитистички | прид.

Што има својство на елити Елитистички став. Елитистички постапки.

елка | ж.

Иглолисно зимзелено дрво со конусна круна; Abies alba.

елмаз | м.

Скапоцен камен, дијамант.