емоционален | прид.

Својствен на емоција, предизвикан од емоција.

емпиризам | м.

Филозофски правец според кој само со опит, со искуство се доаѓа до спознанието.

емпирија | ж.

Знаење добиено низ практично искуство, потврдено преку практиката; искуство.

емпиричар | м.

Приврзаник на емпиризмот; тој што ја зема емпиријата за основа на работата. Емпиричарите се докажаа во областа на хемијата и на физиката.

емулгатор | м.

(хем.) Средство што се додава за да се добие емулзија од две течности. Овој производ е без емулгатор.

емулзија | ж.

Течност во која се наоѓаат нерастворени ситни капки од друга течност.

емфаза | ж.

Восхит, занес, воодушевување.

емфатичен | прид.

Нагласен, возвишен.

ендезе | ср.

Мерка за должина еднаква на 65 цм.; лакот.

ендек | м.

Окоп, прокоп, ров.