есапи | св.
Смета, пресметува. Ние есапиме дека поминале триесет и пет години од неговата смрт.
есапчија | м.
Лице што прави сметки, што умее да смета добро.
есеист | м.
Лице што пишува есеи.
есеистика | ж.
Литературен род што го опфаќа пишувањето есеи.
есен | ж.
Едно од четирите годишни времиња, меѓу летото и зимата. Доцна есен. Наближи есента.
есенен | прид.
есенешен | прид.
есеноска | прил.
Есента што помина, првата мината есен од моментот на зборувањето. Есеноска се доселија во градот.
есеношен | прид.
Што се однесува на есента што е во тек, на минатата или на следната есен. Есеношен гроздобер. Есеношни борби. Есеношна средба.
есенција | ж.
Главна содржина, основа, суштина.