есенцијален | прид.

Што е важен, суштински;

есесовец | м.

Припадник на германска военофашистичка оргнизација во Втората светска војна. Тие беа есесовци.

есеј | м.

Преоден литературен жанр, кратка расправа за некое прашање од литературата, културата, филозофијата итн. во која на научната обработка ѝ се придружуваат белетристички стилски средства. Филозофски есеј. Поетски есеј.

ескадра | ж.

Воена единица во морнарицата или во военото воздухопловство.

ескадрила | ж.

Основна воздухопловна тактичка единица. Авионска ескадрила. Ескадрила бомбардери.

ескадрон | м.

Основна единица во коњицата што одговара на чета во пешадијата.

ескалатор | м.

Специјална направа во вид на подвижна лента на скалила што се движи автоматски и служи за превоз на луѓе меѓу катовите на големи општествени згради, во метро и сл.

ескалација | ж.

Засилување, проширување, пораст (обично за нешто негативно); ескалирање. Ескалација на војната. Ескалација на насилството.

ескалира | св. и несв.

Се зголеми, се зголемува, добие, добива во интензитет. Кризата ескалираше.

Еским | м.

Егзоним за етничка група Инуити.