еснаф | м.
(истор.) Здружение на занаетчии од иста струка. Грнчарски еснаф. Самарџиски еснаф.
еснафин | м.
еснафлија | м.
Член на еснаф, занаетчија; Богат еснафлија. Градски еснафлии.
еснафство | ср.
Дејност на еснафите;
еснафштина | ж.
еспадрила | ж.
Лесна летна обувка, обично од платно, со ѓон од коноп. Црвени еспадрили.
еспап | м.
Предмети, стока за трговија.
есперантист | м.
Лице што знае есперанто.
есперанто | ср.
Вештачки меѓународен јазик.
естаблишмент | м.
Општествен слој (во: политичкиот, стопанскиот, културниот итн. живот) што ја има привилегијата да го определува начинот на однесување, дејствување и вреднување на разните општествени средини. Политички естаблишмент. Уметнички естаблишмент.