есперанто | ср.

Вештачки меѓународен јазик.

естаблишмент | м.

Општествен слој (во: политичкиот, стопанскиот, културниот итн. живот) што ја има привилегијата да го определува начинот на однесување, дејствување и вреднување на разните општествени средини. Политички естаблишмент. Уметнички естаблишмент.

естелив | прид.

естет | м.

Специјалист по естетика.

естетизам | м.

Во уметноста – пристап при кој се истакнува независноста на уметноста од какви било идејни фактори, а се апсолутизираат естетските средства и ефекти како цел сами за себе.

естетизација | ж.

Книжевна естетизација.

естетизира | св. и несв.

Направи, прави нешто да стане убаво.

естетика | ж.

Наука за убавото во природата и во уметноста.

естетичар | м.

Тој што се занимава со естетика;