естетичен | прид.

Што се одликува со естетика, убав, прекрасен; Естетично чувство.

естетски | прид.

Што се однесува на естетика, на чувството за убавото, што се одликува со естетика.

Естонија | ж.

Држава во Европа.

естрада | ж.

Издигнато место на отворено или во сала за изведба пред публика; подиум, бина. Говорникот слезе од естрадата.

естраден | прид.

Што се однесува на естрада или што е поврзан со естрада; Естраден уметник. Естрадна група.

есцајг | м.

Прибор за јадење. Позлатен есцајг.

етажен | прид.

Што се однесува на етаж. Етажен стан.

етажерка | ж.

Полица. Весникот се наоѓа на етажерката.

еталон | м.

Образец, модел. Оваа макета служи како еталон.