етапа | ж.
Одделен степен, фаза, период во развојот на некаков процес. Развојна етапа. Етапи на реализација.
етапен | прид.
Што се однесува на етапа, што се случува, што се прави во етапи. Етапен развој. Етапен процес.
етатизам | м.
Политички систем во кој стопанството се наоѓа во државни раце или е под силен државен надзор.
етатизација | зам.
Спроведување на етати
етатист | м.
Приврзаник на етатизмот.
ете | чест.
а) За посочување нешто што е блиску до соговорникот. Ете ги очилата до тебе. б) За посочување или за покажување на нешто што е видено, забележано каде и да било. Ете, штрковите се вратија.
етер | м.
(хем.) Безбојна, лесно испарлива течност со остар мирис што се употребува како растворувач, а во медицината за дезинфекција и за наркоза.
етеричен | прид.
За растение – што содржи и од кое се добива ароматично масло. Етерично масло.
етида | ж.
Инструментална композиција за вежбање со која се совладува техниката на свирењето или концертна композиција со виртуозен карактер. Лирска етида.
етика | ж.
Наука за моралот, за моралните принципи и норми и за нивната улога во општествениот и во личниот живот на човекот.