Жеден | м.

Планина во Македонија.

жеднее | несв.

Станува жеден, чувствува жед. Болниот жеднееше за вода.

жедник | м.

Лице што е жедно, што чувствува жед. Почнавме да локаме како најголеми жедници на светот.

жедува | несв.

Чувствува жед, е жеден.

жеже | несв.

Предизвикува силна топлина; гори, пече. Песокта под нозете сè уште жежеше.

жежне | св.

жежок | прид.

Што е многу топол, врел. Жешкиот ветер дуваше од југ. Жешка ноќ. Жешките зраци на сонцето немилосрдно печеа.

жезол | м.

Специјално изработен и украсен стап како симбол на владетелско или некое друго достоинство. Царски жезол. Црковните великодостојници имаат жезли.

желад | м.

Плод од даб или бука. Со желадот можеш да го нараниш прасето. Ми кажаа дека вашето село има јадри желади.