желадар | м.
Лице што собира желади. Во селото имаше многу желадари.
желание | ср.
желатин | м.
Смеса што се добива со варење на одредени делови од животинско потекло (коски, кожа и сл.) и којашто служи за лепење; чист туткал. Безбојниот туткал се нарекува желатин.
желатинест | прид.
Што содржи желатин, што е како желатин.
желба | ж.
Стремеж кон нешто, мечта, копнеж за некого или нешто. Тие имаа страсна желба за читање и за пеење. Ме обзема желба да те видам.
желбен | прид.
Што содржи, што чувствува некаква желба, потреба и сл.
желе | ср.
Овошен сок сварен со шеќер којшто се претвора во пивтија; вид бонбони. Желе од дуња.
желевце | ср.
Дем. од железо.
железар | м.
Лице што обработува железо. Железарите штрајкуваат во кругот на железарницата.
железарија | ж.
Предмети од железо. Дуќан со железарија.