желница | ж.
Летва што ги држи ќерамидите на куќата. Желниците на куќата беа накривени од тежината на снегот.
желуд | м.
желудник | м.
Орган за варење на храната, сместен во горниот дел на стомачната празнина кај човекот и кај животните цицачи. Се разбудив со болки во желудникот
желудочен | прид.
Што се однесува на желудник. Желудочен сок.
желурок | м.
Мажјак од желка.
жена | ж.
Лице според полот спротивно на мажот; женско лице во зрела возраст. Мажите и жените се еднакви пред законот.
женачка | ж.
Женева | ж.
Град во Швајцарија.
женет | прид.
За лице од машки пол што е во брак; оженет. Сите три сина ми се женети.
женетина | ж.
аугм. жениште.