житарница | ж.

Пазар на кој се продава жито.

житарски | прид.

житарство | ср.

Одгледување на житни култури, производство и продажба на жито. Житарството е многу слабо развиено.

жител | м.

Лице што е постојано населено во некое населено место, во некоја земја, држава и сл. Селото има околу шестотини жители.

жителство | ср.

Население што живее во некое место.

житен | прид.

Што се однесува на жито, што е од жито. Житен клас. Житни култури. Житно поле.

житие | ср.

Животопис на светец.

житница | ж.

Плодороден крај во кој успева жито. Под селото се гледаше богатата бескрајна житница.

жито | ср.

Заеднички назив за едногодишните растенија чијшто зрнест плод служи за исхрана (пченица, јачмен, 'рж, овес, ориз, пченка и др.). Житата почнале да растат.