жолтица | ж.
(само едн.) Болест на црниот дроб при која се јавува жолтило на кожата, на видливата слузница и на белките поради продирањето на секретот од жолчката во крвотокот. Жолтицата ја лечеше за четиринаесет дена со толчен лук. Жолтицата е заразна болест.
жолтичав | прид.
Што е болен од жолтица. Тој беше жолтичав.
жолтка | ж.
жолткав | прид.
жолтне | св.
Стане жолт, пожолти. Некои места од ливадата жолтнале.
жолтникав | прид.
жолто- | претс.
дека означеното со вториот дел од сложенката е жолто: жолтобрад, жолтокос, жолтолик, жолтоок;
жолток | м.
жолтокос | прид.
Што има жолта коса, русокос. Утре ќе има парада, рече жолтокосиот.
жолтолик | прид.
Што има жолто лице. Тој е жолтолик.