жолтолик | прид.

Што има жолто лице. Тој е жолтолик.

жолтомешка | ж.

Инсект што ги напаѓа овошките; Euproctis chrysorrhoea. Жолтомешката е штетник што причинува најголеми штети на крушата, јаболкото и на сливата.

жолтоок | прид.

Што има жолтеникави очи. Тој беше жолтоок лисец.

жолтоса | несв.

Направи нешто да стане жолто. Си ја жолтосал кошулата.

жолточен | прид.

Што се однесува на жолток. Жолточната материја се наоѓа во средината на јајцето.

жолтулав | прид.

жолтуњав | прид.

жолчен | прид.

Што се однесува на жолчка. Жолчни киселини. Жолчен сок. Жолчен камен.