жолчка | ж.

Внатрешен орган кај човекот и кај некои животни во вид на меур во кој се слева сокот што го излачува црниот дроб. Болест на жолчката.

жолчлив | прид.

жонглер | м.

Артист (обично во циркус) што се занимава со жонглирање. Жонглерот ги фрлаше топките во воздухот. Жонглер со шишиња.

жонглерство | и.

Жонглерска вештина, жонглирање. Публиката беше пријатно изненадена од неговото жонглерство.

жонглира | несв.

Лесно и вешто изведува пред публика разни вештини (фрлање и фаќање неколку предмети едновремено и др.). Тој жонглираше со топките.

жоржет | м.

Лесна свилена или волнена ткаенина. Волнен жоржет. Свилен жоржет.

жребе | ср.

жрец | м.

Многубожечки, пагански свештеник. Неколкумина од нив беа жреци.