запасе | св.
За животни – почне да пасе. Коњите запасоа покрај патот.
запат | м.
Животно за приплод. Од стадото одделија неколку запати.
запати | св.
За животни – почне да одгледува; размножи, расплоди. Запатија кокошки несилки.
запати се | св.
Се упати, тргне некаде. Тој се запати кон шумата.
запатка | св.
За дете – почне да патка, да оди, прооди. Девојчето ми запатка точно на годината.
запаше | св.
Врзе, стави нешто околу половината; опаше. Таа си го запаша скутникот и се фати за работа.
запашка | св.
Почне да пашка; пашка. Ги запашкавме арамиите по планината.
запев | м.
Фраза или извик на почетокот од текстот што се пее. Завршокот на песната се поврзува со запевот.
запева | повр.
запегла | св.
Почне да пегла. Таа запегла од изутрина.