запален 2 | прид.

Запална бомба.

запали | св.

Направи да гори нешто со пламен. Војниците го запалија селото. Тој ја запали куќата на бегот. Гром го запали старото дрво во дворот.

запалив | прид.

Што може лесно да се запали. Запаливи материјали.

запалка | ж.

Мала џебна направа што служи, вообичаено, за палење цигари. Во џебот на елекот најде кутија цигари и запалка.

запамети | св.

Задржи во сеќавањето некого или нешто; запомни. Тоа што ти го реков, добро да го запаметиш. Таа не ја запамети својата мајка. Јас ќе го запаметам овој ден засекогаш.

запара | св.

Почне да пара; пара. Мајката го запара стариот џемпер.

запарен | прид.

запари 1 | св.

Стави на пареа. Смесата со чоколадо ја запари.

запари 2 | св.

Почне да пржи, да пече (во грло, во уста). Ракијата ме запари во грлото.