запрпа | св.
За птица – почне да прпа. Ластовицата запрпа со крилјата.
запрска | св.
Почне да прска со вода или со друга течна материја. Го намести цревото на чешмата и запрска вода по цвеќињата и по тревникот. Од раната запрска крв на сите страни.
запруса | св.
Почне да пруса. Девојката запруса по тесната улица.
запршка | ж.
Брашно запржено во масло (обично со кромид и со црвен пипер) што се додава во јадењето. Во кујната мирисаше на запршка.
запт | м.
Строго утврден ред, дисциплина. Војската не беше навикната на запт.
заптија | м.
Турски стражар. Вооружени заптии.
заптиса | св.
заплени.
запука | св.
Почне да пука; пука Сувите греди на чардакот вивнаа во оган и запукаа. Тој запука со прстите по келнерот.
запукоти | св.
Почне да пукоти. Надвор нешто запукоти.
запули се | св.
Се загледа во некого или во нешто. Тој се запули во прозорецот. Таа му се запули во очите.