зарача | св.
Даде порака, порача нешто некому. Тој зарача да му донесат неколку шишиња вино.
зараѓа | св.
Почне да раѓа. Жената зараѓа, а немаше кој да ја однесе в болница.
зараѓа се | несв.
за'рга | св.
Почне да 'рга. Уште беше мал кога за'рга по туѓи ниви.
зарделија | ж.
зардечал | м.
Вид тропско растение од чиј корен со варење, со сушење на сонце и со толчење се добива прав во жолта боја; Curcuma longa/Amonium curcuma.
заре | сврз.
Ако спиеш, разбуди се зер ти идат добри гости
заре | чест.
Заре/зер/зере да пукнам од јадови сега? Заре нема јунак друг по земјава?
зареве | св.
Почне да реве. Тој зареви на цел глас.
зарегистрира | св.
Тој не е зарегистриран во ниеден список. Оваа појава е зарегистрирана во повеќе говори.