за'рка | св.

Почне да 'рка. Само што ја стави главата на перница, веднаш за'рка.

зарлија | прид.

Што има среќа во (хазардна) игра. Зарлија човек.

заробеник | м.

Лице што е заробено, пленето; пленик. Размена на заробеници.

заробеништво | ср.

Положба, состојба на тој што е заробен. Неколку офицери паднаа во заробеништво.

зароби | св.

а) Фати жив непријател (во војна). Тој зароби двајца непријателски војници. б) Освои, завладее, заплени (територија, народ, материјални блага).

зарови | св.

Почне да рови. Тој ја зарови земјата во бавчата.

зароди се | св.

Настане, се појави, почне да се развива. Во нивните души се зародила несвесна љубов. Во него се зароди една мисла дека тој може да ја направи таа работа.

зародок | м.

Најраниот стадиум од развојот на организмот на човекот или на животно; зачеток, ембрион.

зарои се | св.

Почне да се рои. Пчелите се зароија околу нас.