зачука | св.
Почне да чука, да удира, да тропа. Некој зачука на вратата. Од изутрина кај зачукал.
зачуми | св.
Се зарази, заболи од чума; Зачумена куќа.
зачури | св.
Зачади. Зачури возот.
зашава | св.
Почне да шава;
зашанта (се) | св.
Почне да (се) шанта/(се) шантра при одење. Пијаниот (се) зашанта по улицата. Успеа да стане, но кога се обиде да оди, несигурно (се) зашантра.
зашара | св.
Почне да шари; шари. Момчето зашари со моливот.
зашаренее се | св.
Почне да се шаренее; се. Се зашаренеа ливадата од полските цвеќиња.
зашарка (се) | св.
Нервозно зашарка по клупата.
зашарок | м.
Шара. Црвен зашарок.
зашвајсува | св.