заџагори | св.
Почне да џагори. Заџагорија деца на улицата. Учителката излезе и целото одделение заџагори.
заџангари | св.
Почне да џангари. Скршени стакла заџангарија на подот. Жената извлече едно тенџере и веднаш потоа заџангорија капаци.
заџари се | св.
Почне да се џари. Се заџари низ прозорецот. Двете другарки се заџарија во плакатот.
заџбара | св.
Почне да џбара. Заџбара во џебот.
заџбура | св.
Почне да џбура. Заџбура по џебовите да го најде клучот. Заџбура по шкафовите, но капата ја немаше.
заџвака | св.
Почне да џвака. Заџвака лакомо од лебот. Заџвака гума за џвакање.
заџрџори | св.
Силно, шумно потече (вода, течност);
збабарен | прид.
Што е со многу брчки; збрчкан. Збабарено лице. Збабарен старец.
збабари се | св.
Добие брчки на лицето, збрчка. Одеднаш остаре, се збабари. Не можев да го препознаам, многу се збабарил во лицето.
збабен | прид.