зајчица | ж.
заљубен | прид.
Што чувствува љубов спрема некого; вљубен. Двајцата заљубени ја криеја својата љубов.
заљубеник | м.
Тој што е заљубен, тој што сака некого или нешто; Страстен заљубеник. Заљубеник на виното. Заљубеници во зборот.
заљуби | св.
Почувствува љубов спрема некого, засака некого. Тој ја заљубил поповата ќерка и ја зел за жена.
заљублив | прид.
Што лесно се заљубува. Заљублива девојка.
заќелави | св.
Почне да ќелави. Најмалиот син заќелави уште млад.
заќори се | св.
Се заслепи, се заблуди. Се заќори момчето по таа девојка.
заќути (се) | св.
заќушка | св.
Почне да удира со не многу силни удари; заудира. Поголемото дете го заќушка помалото.
заџавка | св.
Почне да џавка. Да бегаме пред да заџавка кучето.