згрози се | св.
Стане грозен, грд. Како мало девојченце беше убавка, но кога порасна, се згрози. Тој пушти брада, долга коса, се згрози човекот.
згромоли се | св.
Го погодија и тој како покосен се згромоли од коњот.
згромоти (се) | св.
згрсти | св.
Соедини раце во облик на грст. Тој ги згрсти рацете, ги наполни со вода и си го плисна лицето.
згрува | св.
За два дена ја згруваа пченицата.
згруди се | св.
згрутчи се | св.
Се претвори во грутки, во грутчиња. Млекото е расипано, при варењето се згрутчи. Нешто му се згрутчуваше во грлото и му го одземаше здивот.
згрчен | прид.
Што е свиен, собран, што е зафатен од грч. Згрчен старец. Згрчени усни. Десната рака му е згрчена, па работи со левата.
згрчи 1 | св.
Собере , стегне, искриви во грч; Ги згрчи нозете од болка. Таа ја згрчи раката и писмото се стутка.
згрчи 2 | св.
Одеднаш почне да грчи; Старецот згрчи силно и самиот се разбуди.