зејтин | м.
Маслиново масло. Маслинов зејтин.
зејтиниче | ср.
Мал сад од ламарина или од керамика за чување зејтин.
зејтинлија | прид.
Што е со боја на маслинов зејтин. Таа носеше блуза зејтинлија.
зелен | прид.
Што е со боја на трева, на свежи, неовенати лисје. Зелена хартија. Зелена кошула.
зеленее | несв.
Станува зелен; позеленува. Природата прекрасно зеленее во пролет. Тој зеленееше од лутина, но не кажа ништо.
зелени | несв.
Прави нешто да стане зелено. Младата трева ги зелени обувките.
зеленика | ж.
Вид постојанозелено украсно растение што расте како грмушка или ниско дрво; Buxus sempervivens. Го поминаа ридот и влегоа во густи смреки и зеленики.
зеленикав | прид.
Што има боја што наликува на зелена, што има боја што е најблиску до зелената. Зеленикави очи. Зеленикава униформа. Проѕирно зеленикаво стакло.
зеленило | ср.
Растителен свет со зелена боја. Бујно зеленило. Среде непрегледно зеленило се белееја неколку куќи. Се чувствуваше мирис на зеленило.
зеленина | ж.