зебра | ж.
Вид копитар со црно – бели линии по телото, слично на коњ, што живее во африканските савани; Equus zebra. Зебрата често станува плен на лавот.
зебрест | прид.
Што е со линии, шарен како зебра. Зебрест мантил. Зебрести пижами.
зебу | ср.
Вид домашно говедо со грпка од масно ткиво кое се одгледува во Индија и во источна Африка; Bos indicus.
зев | м.
Рефлексен грч на виличните мускули проследен со широко отворање на устата; проѕевка.
зева | несв.
зевзек | м.
(разг.) Тој што се шегува; шегобиец, ѓаволест човек.
зеер | м.
Отров. Змиски зеер.
зеирлија | прид.
Отровен. Змија зеирлија.
зејгора | ж.
Тој што многу се проѕева; безработник, мрзливец
зејка | ж.
Општ назив за вид зелјести растенија со цветови што наликуваат на уста; Antirrhinum mains.