земјак | м.

Тој што е од ист крај, од иста земја или држава со некој друг. Земјак си ми, еден вид, да речеме, блиски пријатели.

земјан | прид.

Што е направен од земја.

земјанин | м.

(книж.) Жител на некоја земја.

земјанка | ж.

Привремено живеалиште или скривница вкопано во земјата во воени или други невообичаени услови. Цела ноќ копавме ровови и земјанки. Таму, пред земјанката покриена со гранки и базје седеа луѓе.

земјарина | ж.

Данок за сопственост или за користење земја како имот.

земјачка | ж.

Таа што е од ист крај, од иста земја или држава со некој друг.

земјен | прид.

Што е направен од земја. Ни донесе јадење во земјена тава.

Земјин | прид.

Земјиниот Што се однесува на планетата Земја. Земјината орбита. Земјината тежа. Земјината топка.