зелјест | прид.
Што има меко кревко стебло што не одрвенува; што потсетува на зелје. Зелјести растенија. Зелјести листови.
зема | несв.
зембиљ | м.
Вид плетена торба, обично за на пазар. Сламен зембиљ. Земи го или зембиљот или кошницата.
земе | св.
Фати, подигне, прибере со рацете. Ги зеде книгите од масата и излезе. Земи ја чашата.
земен | прид.
Што е од внатрешноста на земјата. Земен гас. Земни длабочини.
земичка | ж.
Вид мало тркалезно лепче од киснато тесто. Мека земичка. Земичка со сусам.
земник | м.
Просторија во долниот дел на куќите за чување разни предмети; По Велигден разбоите се внесуваат во земникот.
земница | ж.
Изворот е на стотина метра од земницата во којашто е сместен Главниот штаб.
земски | прид.
Што се однесува на земјата како свет. Земска убавина.
земја | ж.
(само едн.) Една од планетите во Сончевиот систем, Земја, планетата на која живееме.