зетски | прид.

зефир 1 | м.

Лесен и пријатен ветер, ветрец.

зефир 2 | м.

Вид тенка памучна ткаенина.

зијан | м.

Штета. Од несолено барем зијан нема!

зијани | св.

Направи штета некому. Ќе те зијанам една ракија.

зијанлија | прид.

Што губи или што трпи штета.

зил | м.

Бакарни плочки што ѕвечкаат; чампари.

зилјар | м.

Тој што завидува, што е завидлив.

зилје | ср.

Завист.

зима | ж.

Едно од годишните времиња, меѓу есен и пролет. Зимата се погоди долга и сурова.