зиме | прил.
Во текот на зимата, за време на зимата. Сите овие птици доаѓаат зиме, а лете си одат. И лете и зиме тука има мраз.
зимен | прид.
Што припаѓа на зима, што е својствен по нешто за зима. Зимни ноќи. Зимно време.
зимзелен | прид.
Што е зелен и преку зима. Ги гледав зимзелените дрвја во дворот.
зимнина | ж.
зимница | ж.
Храна приготвена за зима. Убава зимница сте ставиле.
зимо | ср.
зимовина | ж.
зимовиште | ср.
зимница_1
зимовник | м.
Објект што служи за презимување, овчарски колиби што служат за презимување.
зимоврав | м.
Есенско копање на лозјата.