зимовиште | ср.

зимница_1

зимовник | м.

Објект што служи за презимување, овчарски колиби што служат за презимување.

зимоврав | м.

Есенско копање на лозјата.

зимовраши | несв.

Копа лозје во есен.

зиморка | ж.

Зимска сорта лубеници.

зиморлив | прид.

Што е многу чувствителен на студ, што не поднесува студ.

зимоска | прил.

Во зимата што поминала. Од зимоска не сум те видел.

зимошен | прид.

Што се однесува на зимата што поминала. Овде–онде уште стоеја намети од зимошниот снег.