златее се | несв.
Се покажува, се сјае со боја на злато. Се златееше сонцето на залез. Полето се златееше надалеку. Небото како во оган пламна и почна да се златее.
златен | прид.
Што е изработен од злато, што е позлатен или што е извезен со злато. Златно синџирче. Златен медал. Златни гривни. Златен појас.
златест | прид.
Што има боја на злато, што е како злато. Жената имаше златеста коса. Целата бавча беше покриена со дебел златест килим од попаднатите лисја.
златец | м.
Народен назив за месецот јули.
злати | несв.
Позлатува, дава сјај, боја на злато. Имињата славни почит да ги злати. Засмеано сонце пак поле ќе злати.
златица | ж.
Штетен инсект тврдокрилец што се храни со лисјето на компирите; компирова златица; Leptinotarsa decemlineata.
златка | ж.
Куна златка. Mustela martes.
златник | м.
Златна пара (со различна големина и вредност).
златникав | прид.
Што има боја слична на златото. Во рацете држеше огромна фотографија врамена во златникава рамка.
злато | ср.
Благороден метал со жолта боја; симбол Ау.