зоблив | прид.

Што е како зоб, тешко се вари, и кога е сварено, зрното е тврдо. Зоблив грав. Зоблива леќа.

зобне | св.

За добиток – касне малку зоб. Коњот зобна само малку од зопта.

зобник | ж.

Торба за зоб што му се става на коњот преку глава кога се храни со зоб. Тргна кон зобниците за да го нахрани коњот

зовира | несв.

зоврие | св.

За течност – почне да врие, почне да клокоти и да испарува под дејство на висока температура. Водата зовре.

зовриеност | ж.

Состојба на тоа што е зовриено.

зограф | м.

Тој што слика икони и фрески; Дедо му бил познат зограф.

зографиса | св.

Наслика икона или фреска во црква.

зографство | ср.

Занает на зографот, зографска дејност.

зод | ж.