знаменосен | прид.

Што се однесува на знаменосец. Знаменосен вод.

знаменосец | м.

Тој што го носи знамето во војска, во спортски настани и сл. Знаменосецот гордо чекореше пред војската.

знаменце | ср.

Триаголно знаменце. Сигнално знаменце.

значаен | прид.

Што има големо значење, што е многу важен. Значајни резултати. Значаен потег.

значење | ср.

Особина на зборот и на секој знак да упатува на нешто (на предмет, дејство, поим, однос и сл.) од материјалниот или од духовниот свет. Терминолошко значење. Овој збор има повеќе значења.

значи | несв.

Има некаква смисла, содржина, има значење Што значи овој збор?

значителен | прид.

Што е голем по размер, по сила, количество и сл. и поради тоа има определено значење. Завршивме значителен дел од работата. Значителна штета. Значителни расходи. Значителен успех.

значка | ж.

Метална или пластична плочка со симбол на некоја организација, партија, движење, друштво, клуб итн. што се носи на дел од облеката (обично на реверот) како знак на приврзаност, припадност, членство. Уште од мал собираше значки. Крводарителска значка.

зоб | ж.

(бот.) Вид житно растение што служи како добиточна храна, обично за коњите; овес.

зоба | несв.

За добиток – јаде зоб, се храни со зоб. Коњот зобаше од дрвеното корито.