загаден | прид.
Што не е чист, што содржи штетни, опасни материи за здравјето. Загаден воздух. Загадена вода. Загадени бунари. Загадени простории.
загади | св.
Направи нешто да биде штетно, опасно за употреба; зарази, инфицира. Го загадија бунарот. Ја загадија храната.
загадочен | прид.
Што е необичен, чуден, таинствен. Загадочен човек. Загадочна насмевка. Загадочни прашања.
загадувач | м.
Тој или тоа што загадува; загади Човекот е најголемиот загадувач на животната средина.
загазери | св.
Направи дно, газер на нешто. Со еден потег ја загазери стомната.
загази | св.
Почне да гази; гази Загазив во студената вода. Тој загази во снегот. Загази по дебелата волнена простирка.
загајледиса се | св.
загајли (се) | св.
загака | св.
Почне да гака; Гуските загакаа и летнаа.
загали | св.
Почне да гали;