задружен | прид.

Што е во сопственост на задруга, што се однесува на задруга. Задружна работилница. Задружно бачило. Задружно стопанство. Задружен дом.

задршка | ж.

Задржување, застој, повремено запирање на нормалното одвивање или работа на нешто. Бројте до три со задршка на воздухот. Со големи задршки, колата продолжуваше да се движи напред.

задув | м.

Астма. Боледуваше од задув.

задува | св.

Почне да дува; Задува силен и студен ветер.

задувка | св.

Почне да дува по малку, во помала мера. Одвреме-навреме ќе задувкаше свежина од шумата.

задужбина | ж.

(истор.) Градба (обично црква, манастир) подигната за душа и во спомен на основачот. Ги обиколи сите свети места и задужбини.

задума | св.

запомни, запамети.

задуман | прид.

Што е замислен. Седна до нив задуман. Задумано дете.

задумани (се) | св.

Се крене облак од прав, се запраши; Се задумани од силниот ветар.

задумка | св.

Почне да думка; Задумка по барабанот. Го задумка детето.