задуши 2 | св.

Почне да души; Кучето задуши низ грмушките.

задушка | св.

Кучињата задушкаа низ шумата.

задушлив | прид.

Што усмртува оневозможувајќи го дишењето; задуши1_1 Задушлива атмосфера. Задушливи гасови.

задушница | ж.

Црковна служба за помен на мртвите.

задушувачки | прид.

Што предизвикува задушување; Задушувачка турканица. Задушувачки гасови.

заеднаш | прил.

заедница | ж.

Здруженост на луѓе или на друштва, организации, установи и др. во една целина заради определени причини и цели. Работна заедница. Брачна заедница. Семејна заедница. Месна заедница. Државна заедница.

заеднички | прид.

Што им припаѓа на сите, што е општ, колективен. Заеднички јазик. Заедничка држава. Заедничка борба.