заедништво | ср.

Состојба и чувство на припадност во определена заедница. Живееле во заедништво. Во духот на заедништвото.

заедно | прил.

Во заедница, во друштво со некого; сложно. Заедно береа грозје. Заедно бевме на село. Живееме заедно.

заем | м.

Тоа што се дава некому или што се зема од некого со обврска дека ќе биде вратено. Никој не му дава пари на заем. Од некаде зел на заем пченка.

заемен | прид.

Што го прави или го наменува едно лице на друго и обратно; меѓусебен. Заемен однос. Заемно разбирање. Заемни врски.

заемка | ж.

Збор или израз што е земен од друг јазик и приспособен кон јазикот во кој е примен. Лексички заемки.

заемник | м.

Учесник во заемница. По полето работеа заемници.

заемница | ж.

Народен обичај кога соседите (обично момчиња или девојки) бесплатно или со заемно возвраќање помагаат некому при поголеми селски работи. Повикал неколку момчиња на заемница.

заемнички | прид.

Што се однесува на заемник и на заемница. Заемничка работа.