зажури | св.

Почне да жури. Копривите ја зажурија по рацете.

зазаби се | св.

Почне да се заби; се. Кучето ни се зазаби. Штом ги виде децата, тој се зазаби.

зазабица | ж.

Воспаление на венците, обично кај коњите. Коњите ги фати зазабица.

зазбива (се) | св.

Почне да збива, да се задишува; (се). Се зазбива од долгото одење по патот.

зазбиван | прид.

Што е задишан. Зазбиван од возбуда. Зазбивани лица.

зазбивта (се) | св.

Се зазбивтав, повеќе од страв отколку од напор.

зазбивтан | прид.

Зазбивтано дете.

зазбира | св.

Почне да збира, да собира нешто; Зазбирал стари монети од пред некое време.