зазборува | св.
Почне да зборува; зборува. Ниеден не сакаше прв да зазборува. Момчето зазборува забрзано.
зазвучи | св.
Почне да звучи; се појави, се огласи некаков звук, глас и сл.; Топло зазвучи неговиот глас. Зазвучија удари на камбана. Гласовите оживеано зазвучија.
зазгреши | св.
заздравее | св.
заздрави | св.
Зацврсти нешто, направи да биде поздраво, поцврсто, постабилно. Сака да ја заздрави својата куќа.
зазеленее (се) | св.
зазелени (се) | св.
Почне да станува зелен. Напролет дрвјата повторно ќе (се) зазеленат.
зазема | св.
Почне да зема нешто; Без да праша, зазема од поставените јадења.
заземе | св.
Завладее, освои нешто (територија, град и др.) со војна, со борба. Борците на јуриш го зазедоа селото. Непријателот се обидуваше да ги заземе нашите позиции.
заземји | св.
Сврзе електричен апарат со земјата, направи заземјување.