зазрее | св.
За плод – почне да зрее; зрее. Зазреаја смоквите во градината.
зазјапа (се) | св.
Почне да зјапа, да ѕури. Зазјапа во мене како првпат да ме гледа.
зазјапан | прид.
Што е загледан, заѕверен во некого или во нешто. Зазјапани деца.
заигра | св.
За оро, за танец и сл. – почне да игра. Младенците заиграа колку за адет. Наскоро ќе ѝ заиграме на свадба.
заиде | св.
Почне да иде, да доаѓа. Одоздола заиде еден старец. По полето заидоа овци.
заизвира | св.
Почне да извира, да тече. Од очите ми заизвираа солзи.
заизлегува | св.
Почне да излегува едно по друго. Народот полека заизлегува.
заика | св.
Почне да ика. Пиперката толку го излути што заика.
заим 1 | м.
заим 2 | м.
Корисник на голем феудален имот (во Турското Царство).