закалуѓери | св.
Направи да стане калуѓер, калуѓерка. Девојката ја закалуѓериле против нејзината волја.
закамуфлира (се) | св.
закана | ж.
Заплашување, застрашување со нешто (обично со зборови). Вртеше со главата во знак на закана. Се наслушав закани и клевети.
закани | св.
Почне да кани, да повикува на нешто; кани Штом ќе ме види, ќе ме закани да му одам на гости.
закани се | св.
Заплаши, застраши некого. Тие му се заканија со тупаници. Судијата се закани дека ќе го прекине мечот.
заканителен | прид.
Што изразува или содржи закана. Заканителен поглед. Заканителни гласови.
заканлив | прид.
Заканлив шум.
заканувачка | ж.
Гневна заканувачка.
заканувачки | прид.
Што е заплашувачки, застрашувачки. Заканувачко писмо. Заканувачка тишина.
закапе 1 | св.
Почне да капе, да бања некого; капеИако плачеше, го закапе бебето.