закапе 2 | св.
Почне да капе, да тече капка по капка; капе2 На прозорците закапаа јадри капки дожд. Солзите ѝ закапаа врз писмото.
закара | св.
Почне да кара, да укорува некого; кара Мајка благо нè закара оти доцна се вративме дома.
закаса | св.
Почне да каса, да јаде; каса Закаса од лепчето и излезе.
закастри | св.
Почне да кастри, да реже; кастри Ги закастри дрвјата во дворот.
закатани | св.
Заклучи со катанец. Заборави да ја закатани портата.
закатанчен | прид.
Што се однесува на замрсена, компликувана состојба и сл. Закатанчена работа.
закатанчи | св.
Ја закатанчи вратата.
закачалка | ж.
Направа со неколку куки за закачување алишта, изработена од дрво, метал, пластика и сл. Мантилот висеше на закачалката во ходникот.
закачи 1 | св.
Спои, сврзе еден предмет со друг со помош на кука или на друг соодветен начин. Железничарот ги закачи вагоните за локомотивата. Таа ми закачи еден каранфил на реверот.
закачи 2 | св.
Почне да качува нешто по скали и сл.;