закупен | прид.

Што се однесува на закуп. Закупна цена.

закупец | м.

Тој што зема нешто под закуп. Закупецот го купи имотот за половина цена.

закупи | св.

Зее под закуп. Таа закупи две ниви, сака да сади тутун. Го закупивме најголемиот ресторан во градот.

закупнина | ж.

Пари што се даваат за закуп; цена на закупот. Закупнината за станот е многу висока.

закуси 1 | св.

Касне малку, по малку. Тој закуси од свинските котлети.

закуси 2 | св.

Почне да куси, да крати нешто. Чорбаџијата им ги закуси дневниците на аргатите.

закуска | ж.

Јадење (обично ладно и во помала количина) што се јаде надвор од редовните оброци, по определени поводи; мала гозба. Таа подготви мала закуска. Сите пријдоа кон масата со закуски.