закуќи | св.
Стекне куќа, дом. Тој остана в село и таму куќа закуќи.
залага (се) | несв.
залагалка | ж.
залажачка.
залагува (се) | несв.
залагушка | ж.
Вид детска игра со стапчиња.
залади | св.
(само во 3 л.) Почне да станува ладно. Времето залади. Ноќите заладија.
залае | св.
Почне да лае, се огласи со лаење. Негде залајаа кучиња.
залажалка | ж.
залажачка | ж.
Тоа што му се дава на дете (предмет, храна и сл.) да се залаже, да се заигра. Сакаше да го погали и да му даде некое оревче залажачка.
залаже | св.
Почне да лаже; лаже. Само што ја отвори устата и залажа.